Saturday, November 29, 2008

Lust







Грешам ли што
посакувам
да го вкусам тоа
црвено јаболко?

Не плаши се,
никој нема да дознае
за нашиот грев,
тоа ќе биде
наша тајна
која ќе ја чуваме
во закрилата
на тишината.

Ќе ја чуваме
за мене и тебе
далеку од сите...

Не сакам да ми те украдат.



written by rainbow

Monday, November 24, 2008

Благодарам






Ти ја дадов сржта на мојата душа,
студенило распарчено ко стакло
фрлено на малиот изгниен под
кое бара жарче,
трошка топлина.

Се прашувам,
дали заблескаа моите очи
кога ми ја врати насмевката?
Дали ја прочита пораката
испишана на одблесокот
од зраците на мојата душа?


Нема да те замолам
да ја носиш
мојата тајна,
не сакам овој
проклет ѓердан да биде
обесен на твојот врат.
Не го примај,
не вреди.


Погледни ја
малата пеперутка
со раширени криља
на моето овенато лице
која ми ја подари
и прими ја мојата скромна благодарност
за твоето огромно добродело.


Знај дека таа мала пеперутка
го симболизира доаѓањето на пролетта
во мојот мал распаднат свет.





written by rainbow for Rocka