Monday, April 27, 2009

Го гледам изгревот...




Го гледам изгревот на сонцето,
Те гледам тебе, се гледам себе...
Ние двајца-заедно!

Синилото на небото
-сјајот во моите очи
кога Прв Пат го видов твојот лик.

Светлината на сонцето
-светлината во мојата душа
кога Прв Пат ни се сретнаа очите.

Трепетот на лисјата
-трепетот на моето тело
кога Прв пат го почувствував твојот допир.

Песната на птиците
-песната на моето срце
кога Прв Пат го слушнав твојот глас.

Сончевите зраци ме галат,
мојата коса, моето лице, моето тело...
а те чувствувам тебе
како да си тука...
како да си до мене...

Да, те чувствувам, присутен си...
во моите сни,
во моите мисли,
на моите усни,
во моето срце...
Те чувам таму, заситен од се и од сите...
те чувам како најголемо богатство.
Те хранам со мојата бескрајна љубов,
за вечно да живееш таму...
и ќе живееш...
се додека постои изгрејсонце,
се додека те гледам тебе
се додека се гледам себе
-нас двајца заедно...
СЕ ДОДЕКА МОЕТО СРЦЕ ЧУКА!

written by Monice

Погледнувам низ прозорецот...


Погледнувам низ прозорецот...
Гледам како цути едно дрво.
Гледам во зелените листови и го осеќам мирисот на цветовите кој делува како опиум.
Крошната ја отворија небаре достига до небесната шир.
Прекрасно е...


Погледнувам низ прозорецот...
Го гледам дрвото како ги пуштило своите рајски плодови.
Зелените листови сеуште се тука, но овој пат многу повеќе.
Среќен сум и ме опушта глетката во тоа дрво.
Прекрасно е.


Погледнувам низ прозорецот...
Го гледам дрвото, но сега без мирисот на цветовите и без зелените лисја.
Но, затоа под него распослало тепих од жолти лисја.
Тепих на љубовта и рај за очите.
Сеуште е прекрасно.


Погледнувам низ прозорецот...
Ги нема веќе ни мирисот, ни зелените, ни жолтите лисја.
Останале само сувите гранки кои високо продираат кон небото.
Се смирувам и си велам: "Пак ќе расцути".


Погледнувам низ прозорецот...
Гледам и плачам
Го нема веќе старото дрво.
Останал само засечениот труп.
Со солзи во очите и болка во срцето гледам..........


Тоа дрво беше мојата душа...........

written by Mouc

Sunday, April 26, 2009

Tи...




Ти си засекогаш и никогаш
и патоказ кон крајот,
ти си единствен и совршен-
ѓавол за во рајот....

Ти повредуваш,поседуваш,
заведуваш и љубиш,
ти за прв пат ме добиваш
и за последен пат ме губиш.......

Дали вредиш, дали сониш,
не сакам да прашувам,
зашто знам се за вистината
и од неа се заплашувам.

Ти си искрен, но и лажен
така дволично креаиран,
секој те освојува,
но многу мал број те шармира.

И можеш да ме гледаш
во очи дури плачам,
за да сфатиш, да си сигурен,
дека ништо не ти значам....

Ти се себичен, ироничен,
полн со самиот себе,
а сепак така далечно
ме привлекуваш кон тебе.

Зошто те посакувам,
а ти си отров силен?
Ги паметам твоите зборови,
а само лаги биле...

Ме водиш кон бесознание
но се се заборава,
кога срцето плаче,
а разумот зборува.

Ти си осамен и облачен,
замрачен и студен....
Со поглед така заспиен,
кога треба да е буден...

Не расудуваш, излудуваш
и многу малку имаш,
ретко даваш назад
се што посакуваш и примаш.

Ти си нож кој ме пресекува,
но пак ќе бидам цела,
ќе поминат знам трагите
од твоите дела....

Ти си несреќа и среќа,
повторлива конфузија,
грешка на судбината
и моја илузија.

Ти се покажа и беше,
се што не заслужувам-
безбоен шестар кој грешно црта
и за својот круг се приврзува....



Written by Amy Lee

Ќе се издигнам над се
















Ќе се издигнам над се....
Ќе бидам една честичка во воздухот,
неприметлива, безбојна, прозирна...
Секој еден од вас ќе впива дел од мене
незнаејќи дека воопшто постојам....

Ќе се издигнам над се....
Ќе бидам дел од облаците,
дел од небеската шир,
ќе ве гледам и ќе бидам дел од се што ви се случува
иако ќе погледнете нагоре
само кога ќе бидете осамени...

Ќе се издигнам над се....
Ќе бидам силна и храбра,
ќе ја понесам врз мојата душа тежината од куферот
на болката, тагата и несреќната љубов....
ЗНАМ ШТО ЗНАЧИ ДА ПАТИШ И ТАГУВАШ.....

Ќе се издигнам над се....
Над прашината од минатото
над зрнцата песок кои ги иритираат моите очи
и кои ги предизвикуваат солените солзи
да се лизгаат по моите образи....

Ќе се издигнам над се...
и ќе уживам во дождот на иднината
кој ќе измие се што беше
лошо, тажно и болно....

Ќе се издигнам над се
и ќе се борам за она што го сакам....




written by Mackica