Sunday, April 26, 2009

Ќе се издигнам над се
















Ќе се издигнам над се....
Ќе бидам една честичка во воздухот,
неприметлива, безбојна, прозирна...
Секој еден од вас ќе впива дел од мене
незнаејќи дека воопшто постојам....

Ќе се издигнам над се....
Ќе бидам дел од облаците,
дел од небеската шир,
ќе ве гледам и ќе бидам дел од се што ви се случува
иако ќе погледнете нагоре
само кога ќе бидете осамени...

Ќе се издигнам над се....
Ќе бидам силна и храбра,
ќе ја понесам врз мојата душа тежината од куферот
на болката, тагата и несреќната љубов....
ЗНАМ ШТО ЗНАЧИ ДА ПАТИШ И ТАГУВАШ.....

Ќе се издигнам над се....
Над прашината од минатото
над зрнцата песок кои ги иритираат моите очи
и кои ги предизвикуваат солените солзи
да се лизгаат по моите образи....

Ќе се издигнам над се...
и ќе уживам во дождот на иднината
кој ќе измие се што беше
лошо, тажно и болно....

Ќе се издигнам над се
и ќе се борам за она што го сакам....




written by Mackica

No comments: