Monday, April 27, 2009

Го гледам изгревот...




Го гледам изгревот на сонцето,
Те гледам тебе, се гледам себе...
Ние двајца-заедно!

Синилото на небото
-сјајот во моите очи
кога Прв Пат го видов твојот лик.

Светлината на сонцето
-светлината во мојата душа
кога Прв Пат ни се сретнаа очите.

Трепетот на лисјата
-трепетот на моето тело
кога Прв пат го почувствував твојот допир.

Песната на птиците
-песната на моето срце
кога Прв Пат го слушнав твојот глас.

Сончевите зраци ме галат,
мојата коса, моето лице, моето тело...
а те чувствувам тебе
како да си тука...
како да си до мене...

Да, те чувствувам, присутен си...
во моите сни,
во моите мисли,
на моите усни,
во моето срце...
Те чувам таму, заситен од се и од сите...
те чувам како најголемо богатство.
Те хранам со мојата бескрајна љубов,
за вечно да живееш таму...
и ќе живееш...
се додека постои изгрејсонце,
се додека те гледам тебе
се додека се гледам себе
-нас двајца заедно...
СЕ ДОДЕКА МОЕТО СРЦЕ ЧУКА!

written by Monice

No comments: