Monday, April 27, 2009

Погледнувам низ прозорецот...


Погледнувам низ прозорецот...
Гледам како цути едно дрво.
Гледам во зелените листови и го осеќам мирисот на цветовите кој делува како опиум.
Крошната ја отворија небаре достига до небесната шир.
Прекрасно е...


Погледнувам низ прозорецот...
Го гледам дрвото како ги пуштило своите рајски плодови.
Зелените листови сеуште се тука, но овој пат многу повеќе.
Среќен сум и ме опушта глетката во тоа дрво.
Прекрасно е.


Погледнувам низ прозорецот...
Го гледам дрвото, но сега без мирисот на цветовите и без зелените лисја.
Но, затоа под него распослало тепих од жолти лисја.
Тепих на љубовта и рај за очите.
Сеуште е прекрасно.


Погледнувам низ прозорецот...
Ги нема веќе ни мирисот, ни зелените, ни жолтите лисја.
Останале само сувите гранки кои високо продираат кон небото.
Се смирувам и си велам: "Пак ќе расцути".


Погледнувам низ прозорецот...
Гледам и плачам
Го нема веќе старото дрво.
Останал само засечениот труп.
Со солзи во очите и болка во срцето гледам..........


Тоа дрво беше мојата душа...........

written by Mouc

No comments: