Tuesday, September 11, 2007

НАДЕЖ




Чаша црвено вино
тивка музика во позадина
ти во моево срце
и пенкало во ракава.

Да те пуштам да потониш во виното?
Да те проголтам тебе и мојата љубов кон тебе
со следната голтка?

Или да ти подадам рака
и да те извлечам од бездната во која
случајно или не
те турнав јас?

Ако те извлечам, ќе патам.
Ако те пропуштам, ќе те немам.

Срцево ми вели држи го, не го пуштај
можеби има надеж да биде твој.

Разумот вели пушти го,
залудно е да се бориш за нешто
што не ти припаѓа тебе.

Тоа ме мачи,
тоа ме гризе,
тоа ме убива...
Како црв од внатре
го осеќам како ме разјадува,
како ме дроби на парчиња,
како ми отвара дупки по срцево.

Се ронам, се кршам,
се распаѓам......
се до новиот момент на среќа.
Тогаш сум полна со љубов,
имам желба и моќ
да се борам за двајцата.....
се до следниот момент на слабост.

И така секојдневно,
се менувам од минута во минута
среќа, болка, бес, храброст, моќ
љубов, нежност, лутина....
и уште толку многу безимени чувства
ме обземаат по телово.

По секое ново паѓање
станувам посигурна во НАС,
по секое ново разочарување
во нашата иднина,
сум уште посреќна во истата.

Животот е тркало на кое се вртиме
денес си горе, утре си долу,
а најважно од се
е дека сеуште се вртиш.







Written by ZeleniCka





No comments: