Monday, September 17, 2007

Борба







В
о длабочината на
зборот љубов
те пронајдов тебе.

Низ зраците на среќата
те почувствував крај себе.

На крилјата на болката
патуваме двајцата,
одиме во неповрат,
онаму каде што ќе бидеме
САМО јас и ти,
онаму каде што ќе можеме
да се предадеме на страста,
љубовта, воздишката и мечтата.

Не си единствен кој има место во моево срце,
не си единствен кој е совршен за мене,
но си единствен со кој
би ги делела утрата и ноќите,
бакнежите и прегратките,
солзите и насмевките.

Ќе застанам на дождот
против сите,
ќе дозволам да ме камшикува ветерот,
ќе ги пречекувам камењата и шамарите со гордост.

Ќе се борам за тебе со сите сили,
ќе се борам против сите,
ќе леам крвави солзи од срцево мое.......
само за да бидеш мој.






Written by ZeleniCka

No comments: